Facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail

degrowth_conference_budapest_2016

5тата Интернационална Конференција Без Раст (Degrowth) (30 Август – 3 Септеммври 2016) ќе се одрижи во Будимпешта на Универзитетот Корвинус. Конференцијата ќе ги поврзе најзначајните аналитичари и говорници против раст, заедно со академска и партиципативна публика од Унгарија и поширокиот реон. Во исто време, Будимпешта ќе биде домаќин на првата Недела Без Раст, која ќе престави бројни активности против раст, практични примери и говори од преставници на инстистуции.

Движењето Без Раст се обидува да не потсети дека растот е ограничен на планетата со конечни ресурси и истиот е ниту одржлив ниту посакуван. Движењето Без Раст го деконструира митот дека растот е главна солуција за ќор-сокакот во кој нашите општества не доведоа. Движењето се обидува да ја разбере кризата која ни се случува, и тврди дека начинот на живот и кризата се меѓусебно поврзани. Движењето Без Раст се обидува да изгради мирни и демократски начини кон повеќе социјална и еколошка правда, благосостојба, можност за достојни приходи за живот, еманципација, веселост и автономија.

Будимпешта ќе биде домаќин на 5-тата Меѓународна конференција за Без Раст од 30-ти август до 3-ти септември 2016 година. По Париз во 2008 година, Барцелона во 2010 година, во Венеција во 2012 година и во Лајпциг во 2014 година, конференцијата, која се фокусира на еколошката одржливост и социјална еднаквост, ќе се одржи на Универзитетот Корвинус во Будимпешта.

Прво и основно, конференцијата е место за средба на истакнати академски истражувачи од целиот свет. На секои две години собирот нуди основа за дискутирање на последните случувања во оваа нова интердисциплинарна област на истражување. Истражувањата се фокусираат на прашања во врска со прекршување на границите на животната средина и неуспехот на економската инфраструктура да обезбеди достоинствен живот за општеството. Научната заедница, исто така, ќе се поврзе со практичари за време на конференцијата, со цел да артикулира одржливи алтернативи на сегашните социо-економски модели.

Во рамките на оваа конференција, ќе биде обезбеден и простор за пошироката јавност. Будимпешта ќе биде лулката на една нова иницијатива, наречена Недела Без Раст, која ќе создаде нова платформа за практични активности и работилници, партнерство со локални иницијативи, дискусии и партиципативни дебати меѓу широк круг на засегнати страни и културни, уметнички и креативни програми во градот. Во текот на пролетта 2016 година, пошироката јавност ќе биде поканета да им помогне на организаторите за организирање на настаните на Неделата Без Раст.

Движењето Без Раст не е сосема нова тема во Унгарија. Конференцијата ќе ја нагласи работата на познатиот унгарски мислител Карл Полани и неговото дело “Големата трансформација”. Во прилог на ова, Без раст како движење повторно започна во Унгарија во 2011 година со унгарскиот превод на книгата на Серж Латуш “Збогум раст. ” Од тогаш, во Унгарија жестоко се дебатира за движењето Без Раст, со објавувањето на неколку книги, статии, вклучително и организацијата на јавни дискусии и работилници. Сите овие активности, позитивно влијаат и за развој на локалните иницијативи како Cyclonomia или Cargonomia.
Придружете ни се во Будимпешта.

Организацискиот тим на Конференцијата Без Раст во Будимпешта
http://budapest.degrowth.org/
contact@budapest-degrowth.org